• четврток, 26 декември 2024

Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал

Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Новинарката и филмска критичарка Гена Теодосиевска е избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) на 73.Берлински филмски фестивал, што годинава ќе се одржува од 16-26 месецов.

Теодосиевска е позната како ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности. Таа беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ од 2008 до 2020, а од 2022 година е назначена за уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година.

Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност.

За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали.

Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам, на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија. М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ.бт/лв/

Остани поврзан