• понеделник, 15 декември 2025

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Скопје, 13 декември 2025 (МИА) - Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000 метри квадратни е лоциран на само неколку минути од граничниот премин Богородица и на 200 метри од автопатот Е-75.

Во Гевгелија Мол ќе бидат застапени повеќе од 25 светски брендови, ќе има места за исхрана, книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит, како и игротека и забавен парк за најмладите.

На отворањето на шопинг центарот се најавени многу изненадувања за посетитетлите и забава за најмладите со Дедо Мраз, интерактивни игри и анимации, како и музичкиот дел.

Изградбата на молот чинеше 10 милиони евра, инвестиција на „Монополист Инвест“. са/

Фото: Гецгелија Мол

Остани поврзан