• четврток, 26 декември 2024

Гевгеличани три дена ќе го чествуваат празникот патрон на градот Спасовден

Гевгеличани три дена ќе го чествуваат празникот патрон на градот Спасовден
Гевгелија, 31 мај 2022 (МИА) - Општина Гевгелија официјално објави тридневна богата културна програма со која од утре до петок гевгеличани ќе го чествуваат празникот патрон на градот - Вознесние Христово (Спасовден). Настаните по повод прославата на христијанскиот празник Вознесението Христово-Спасовден, ќе почне утре со дефиле на фолклорни ансамбли во рамки на препознатливата манифестација ,,Распеана чаршија,, и со отворање на изложба на фотографии и видео записи посветени на манастирите и црквите во Гевгелиско. Наредниот ден, на 2 јуни, празничната програма ќе продолжи со гостување на балетскиот ансамбл при националната опера и балет,со изведба на претставата ,,Ла,Ла,Ла,, во режија и кореографија на Саша Ефтимова. Празничната програма за годинашново чествување на Спасовден ќе завши во петок на 3 јуни со отворање изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија и со концерт на класична музика во изведба на Маја Чанаќевиќ(англиски рог) и Ана Гацева(пијано). им/са/

Остани поврзан