• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гевгелиските земјоделци ќе добијат пари за штетите од априлската голомразица

Гевгелиските земјоделци ќе добијат пари за штетите од априлската голомразица
Гевгелија, 3 септември 2021 (МИА) - Гевгелискиот совет го прифати Елаборатот на општинската комисија за проценка на штетите од голомразицата која во периодот од 8 до 10 април годинава ги зафати населените места Негорци, Миравци, Прдејци, Милетково, Богородица и градот Гевгелија. При извршениот увид од страна на комисијата, по основ на 18 пријави од физички и правни лица, било констатирано дека на површина од околу 93 хектари е направена штета од 34,9 милиони денари. Советниците на општина Гевгелија донесоа одлука Елаборатот да се проследи на понатамошна постапка за разгледување пред Државната комисија за проценка на штети од елементарни непогоди при Министерството за финансии која ќе донесе конечна одлука колку ќе изнесува сумата со која ќе бидат обештетени земјоделците од гевгелиско.им/свс/

Остани поврзан