• петок, 27 декември 2024

Гвен Стефани и Блејк Шелтон ја слават првата годишнина од бракот

Гвен Стефани и Блејк Шелтон ја слават првата годишнина од бракот

Лос Анџелес, 5 јули 2022 (МИА) - Познатата пејачка двојка Гвен Стефани и Блејк Шелтон ја прославија првата годишнина од бракот. По тој повод тие на својот интернет-простор споделија неколку моменти од нивната, според многумина - „бајковита“ свадба.

„Среќна годишнина до жената која го движи мојот свет. Гвен Стефани, ти ја направи оваа година најдобрата година во мојот живот. Те сакам. Ти благодарам што ми кажа 'да'!“, напиша Блејк. Гвен во коментар му одговори: „Човекот од моите соништа. Ти благодарам, Боже“. Пејачката објави и емотивно видео со мигови од нивната венчавка, и со песната „Can't Help Falling In Love“ од Елвис Присли во позадина. Гвен и Блејк се венчаа на неговиот ранч во Оклахома (САД). Се запознаа во 2014 година, кога и двајцата учествуваа во американското музичко шоу „Војс“ (Voice)си/сд/

Остани поврзан