• четврток, 26 декември 2024

Гвен Стефани доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Гвен Стефани доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Лос Анџелес, 20 октомври 2023 (МИА) - Американската пејачка Гвен Стефани среде шестото десетлетие од својот живот, доби ѕвезда на Патеката на славните во Лос Анџелес, т.е. Холивуд. Поп-ѕвездата вчера присуствуваше на настанот со трите сина и нејзниот втор сопруг Блејк Шелтон - американски кантри-пејач.

Во свечениот говор, зборот го зеде Шелтон, пред сѐ пофалувајќи посветеноста на неговата избраничка како мајка на 17-годишниот Кингстон, 15-годишниот Зума и деветгодишниот Аполо.

- Стоејќи овде речиси 10 години откако ја запознав, можам да кажам дека, да се биде мајка сè уште е најважната работа во нејзиниот живот. И, да ви кажам - тоа е ретко во оваа работа. Денес е убаво да се види како таа е почестена за нејзиниот „спореден“ проект - тоа што е една од најголемите ѕвезди во светот. Од музиката, телевизијата и филмовите до мода и убавина, таа повторно и повторно се искачуваше на врвот, со нејзиниот уникатен стил што го натера светот да се вљуби во неа... Но, не олку како мене!, нагласи Шелтон пред насобраните луѓе.

По свеченоста, Гвен Стефани на Инстаграм изрази благодарност кон сите и кон Шелтон посебно. Таа напиша:

„Кој би помислил дека оваа девојка од Анахајм ќе има своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. Ти благодарам што чекореше по овој пат со мене, пееше со мене сите овие години… Те сакам!!!“   си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан