• сабота, 23 ноември 2024

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени
Гватемала, 25 јануари 2022 (МИА) - Највисокиот суд во Гватемала осуди петмина поранешни членови на паравоена организација на 30 години затвор поради силување на десетици домородни жени од Маите, за време на граѓанската војна во земјата во 1980-тите. Мажите се членови на таканаречените патроли за цивилна самоодбрана, вооружени групи формирани и поддржани од војската, пренесува Би-Би-Си. Триесет и шесте жртви имале од 12 до 52 години кога злосторствата се извршени, посочија обвинителите. - Имаше масакри. Многу жени беа силувани. Имаме болка во срцата, изјави Антонина Вале, една од преживеаните. Околу 200.000 лица беа убиени или исчезнати во конфликтот од 1960 до 1996 година. Откако биле силувани, мажите уринирале врз жртвите. Надвор од судот, Вале појасни дека останала бремена по силувањето. Детето подоцна умрело. - Ги замолив да ме поштедат, но не сакаа да ме послушат. Тоа што се случи со нашите животи и нашите тела, не е фер, додаде таа. Друга жртва, Максима Гарсија, била бремена кога ја силувале. - Бев во седми месец од бременоста. Го изгубив моето момче. Мајка ми беше силувана во осмиот месец од бременоста и тие ја убија. Ја оставија да виси во куќата, рече Гарсија. Во 2016 година, двајца поранешни припадници на војската, беа осудени на вкупна затворска казна од 360 години за убиство, силување и сексуално ропство врз домородните жени со потекло од Маите. бд/ссм/  

Остани поврзан