• сабота, 23 ноември 2024

Гвардиола ќе остане во Сити само ако испаднат во Чемпионшип

Гвардиола ќе остане во Сити само ако испаднат во Чемпионшип

Манчестер, 18 октомври 2024 (МИА) - Договорот на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола истекува на крајот од оваа сезона, но актуелниот англиски шампион се најде во исклучително деликатна ситуација.

Против клубот во моментов се води процес од страна на Премиер лигата по 115 обвиненија за прекршување на финансискиот фер-плеј. Доколку Сити не успее да ја докаже својата невиност, казната ќе биде строга, сигурно ќе му бидат одземени бодовите и многу веројатно ќе испаднат.

Интересно, Гвардиола даде гаранција дека во овој случај сигурно ќе остане на клупата на Манчестер Сити најмалку уште една година за да го врати во Премиер лигата. Да биде уште поинтересно, не сака да зема плата оваа сезона. Со ова тој сака да ја покаже својата благодарност и лојалност кон клубот во кој работи девет години.

Меѓутоа, доколку Сити ја освои Премиер лигата, што изгледа премногу веројатно, тогаш Гвардиола едноставно ќе мора да почека да види дали клубот може да најде соодветна замена за менаџерската позиција и да го остави тимот во добри раце.

Во моментов се шпекулира за две имиња: Рубен Аморим од Спортинг и Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, бидејќи само тие двајца ги исполнуваат строгите услови - да се млади и да преферираат офанзивен фудбал. дс

Фото: Архива

Остани поврзан