• среда, 25 декември 2024

Гвардиола: Со годините станав подобар, мислев дека наскоро ќе ја завршам кариерата, но сега се предомислив

Гвардиола: Со годините станав подобар, мислев дека наскоро ќе ја завршам кариерата, но сега се предомислив
Манчестер, 3 јануари 2021 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека се предомислил кога ќе ја заврши тренерската кариера. - Се разбира дека станав подобар со возраста. Дефинитивно. Искуството помага, особено во нашата професија. Порано мислев дека наскоро ќе ја завршам кариерата, но сега се предомислив. Веќе имам 50 години - ова е прекрасна возраст, рече Гвардиола. Шпанецот полни 50 години на 18 јануари. Тој е тренер веќе 13 години, има преку 700 натпревари на чело на разни клубови. зс/

Остани поврзан