Гвардиола: Секој тим од Премиер лигата би сакал да го има Рајс
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека секој клуб од Премиер лигата би сакал во својот тим да го има играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс.
![Гвардиола: Секој тим од Премиер лигата би сакал да го има Рајс](https://new.mia.mk/index.php/images/20240330135833_big_730x400_77.webp )
Манчестер, 30 март 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека секој клуб од Премиер лигата би сакал во својот тим да го има играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс.
- Има многу играчи со кои сакавме да потпишеме, но тие не решија да ни се придружат. Рајс не е првиот што сакавме да го добиеме, но тоа не се случи. Имаме долг список. Тој ја донесе оваа одлука и не му посакувам ништо друго освен среќа. Секој тим од Премиер лигата би сакал да потпише со Деклан Рајс. Тој е капитен на Англија и млад играч кој одигра многу натпревари, ги цитира „Goal“ зборовите на тренерот на Сити.
Рајс игра за Арсенал од 2023 година. Пред тоа играше во Вест Хем.
Оваа сезона 25-годишниот фудбалер одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна шест гола и седум асистенции. зс/
Фото: ЕПА