Гвардиола: Постојат причини за нашиот пад во перформансите, следната сезона ќе биде подобра
- Освојувањето на ФА Купот нема да биде доволно за враќање на Манчестер Сити на пиедесталот по слабата сезона во Премиер лигата, но тоа би бил добар начин тимот да ја заврши сезоната, според менаџерот Пеп Гвардиола
Манчестер, 25 април 2025 (МИА) - Освојувањето на ФА Купот нема да биде доволно за враќање на Манчестер Сити на пиедесталот по слабата сезона во Премиер лигата, но тоа би бил добар начин тимот да ја заврши сезоната, според менаџерот Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити ќе се соочи со Нотингем Форест во Лондон во полуфиналето од натпреварувањето, а Гвардиола не запишал сезона без трофеј уште од првата година на чело на „граѓаните“, со надеж дека тимот ќе се врати во својата позната форма следната сезона.
-Освојувањето на ФА Купот не гарантира враќање на она што беше претходно. Но, тоа е трофеј, па затоа е убаво да се заврши сезоната во позитивен манир пред Светското клупско првенство. Ова може да им се случи на сите клубови во светот, не само на Манчестер Сити. Постојат причини за нашиот пад во перформансите, можеби неочекувани и премногу. Имам чувство дека следната сезона ќе биде подобра. Ќе бидеме поконкурентни и повеќе како себеси, изјави шпанскиот тренер.
Сити ќе се соочи со Нотингем, со цел да се пласира во третото финале по ред во ФА Купот.
-Би било добро да играме трето финале, но имаме сериозен и многу, многу тежок противник. Нотингем Форест долго време не бил во полуфиналето на турнирот, а Нуно Еспирито Санто се снаоѓа неверојатно, рече Гвардиола.
Тој потврди дека голманот Едерсон ги продолжил тренинзите, но не откри дали Бразилецот ќе се врати на теренот откако ги пропушти последните два натпревари поради повреда.
-Не знам дали ќе биде подготвен за претстојниот натпревар. Да се надеваме дека тоа ќе се случи за следниот, рече Гвардиола. дс
Фото: Архива