• среда, 18 декември 2024

Гвардиола награден по поразот од Реал

Гвардиола награден по поразот од Реал

Манчестер, 18 април 2024 (МИА) - Манчестер Сити не успеа во обидот да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ беа поразени од Реал Мадрид во спектакуларен четвртфинален натпревар, па ќе мора да се задоволат со трофеи на домашната сцена.

Некои би рекле дека тренерот на Сити, Пеп Гвардиола ја загубил довербата на челниците на клубот, но ден подоцна пристигнуваат спротивни информации.

Познато е дека тренер од калибарот на Гвардиола генерално има неограничени буџети. Така беше во Барселона, така беше во Баерн, така е од 2016 година во Манчестер Сити.

Точно, Сити доминираше во дуелот со Реал. Посебно на реваншот во Англија, каде беше подобар по сите фудбалски показатели. Но головите на крајот се бројат.

„Граѓаните“ така и не успеаја да го пробијат „автобусот“ на Анчелоти пред голот на Лунин, па Пеп ќе добие ново засилување за „казна“.

Угледниот „Гардијан“ објави дека Сити ќе направи се за да го доведе Џамал ​​Мусиала од Баерн на „Етихад“ на лето. Еден од најдобрите млади играчи во светот е на радарот на многумина, но ретко кој може да плати 100 милиони евра, кои се клучот за неговата слобода.

Договорот на Мусиала со Баварците истекува во 2026 година, а иако клубот беше заинтересиран да го продолжи, младиот фудбалер се уште не одлучил дека тоа е заедничка желба. Сепак, кој и да дојде со потребната сума пари нема да има проблем да го однесе. А во Сити парите никогаш не се проблем.дс

Фото: Архива

Остани поврзан