• среда, 16 октомври 2024

Гвардиола: Меси е најдобар фудбалер на сите времиња

Гвардиола: Меси е најдобар фудбалер на сите времиња

Манчестер, 14 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го смета напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.

- Меси покажува доследност на секои три дена веќе 15 години. Морав да го гледам секој ден. Тој е уникатен, изјави Гвардиола за „Che Tempo Che Fa“.

Гвардиола беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година. Заедно трипати станаа шампиони на Шпанија, двапати го освоија националниот Куп и Лигата на шампионите.

Оваа сезона Меси одигра 18 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 17 голови и 10 асистенции. 

Триесет и седумгодишниот Аргентинец е осумкратен освојувач на Златна топка. Шеснаесет пати беше признат за најдобар фудбалер на годината во Аргентина, а четири пати најдобар спортист на годината во земјата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан