• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гвардиола го сруши сопствениот негативен рекорд

Гвардиола го сруши сопствениот негативен рекорд

Манчестер, 24 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го собори својот рекорд за најмногу порази во една сезона.

Манчестер сити викендот на домашен терен загуби од Ливерпул (0:2) во 26. коло од Премиер лигата.

Менаџерот на Сити го загуби својот 14-ти натпревар оваа сезона. Ова е неговиот најлош рекорд во целата негова тренерска кариера.

Претходно „Граѓаните“ загубија од Тотенхем (1:2), Борнмут (1:2), Спортинг (1:4), Брајтон (1:2), Тотенхем (0:4), Ливерпул (0:2), Јувентус (0:2), Манчестер јунајтед (1:2), Астон вила (1:2), ПСЖ (2:4), Реал Мадрид (2:3 и 1:3), Арсенал (1:5).

Гвардиола пред да работи во Англија беше тренер на Барселона и Баерн минхен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан