Гвардиола го сака Вирц како замена за Де Бруин во Манчестер Сити
- Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, пренесе „Скај Спортс“

Манчестер, 17 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, пренесе „Скај Спортс“.
Според информациите, менаџерот на „граѓаните“ Гвардиола е заинтересиран за трансферот на 21-годишниот германски интернационалец, кој го смета Вирц за соодветна замена за Кевин Де Бруин.
Оваа сезона Вирц одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 15 голови и 12 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 140 милиони евра. дс
Фото: Архива