• недела, 24 ноември 2024

Гајдов: Во 2020 година Општина Велес имала речиси 90 милиони денари за капитални инвестиции

Гајдов: Во 2020 година Општина Велес имала речиси 90 милиони денари за капитални инвестиции

Велес, 11 февруари 2021 (МИА) - Во 2020 година Општина Велес ги намалила односно ги свела на неопходниот минимум трошоците за репрезентација и патните трошоци, а капиталните расходи ги зголемила  на 89 милиони 827 илјади денари. Овие бројки, како што вели, Ќирил Гајдов претседател на Советот на Општина Велес се добар показател за работата на Општината. Велешкиот општински совет во ворникот на 71 - та седница дал зелено светло за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Велес во 2020 година.

-Ние сме  горди затоа што имаме намалено многу ставки на расходи, а вкупните капитални расходи ги имаме покренато на 89 милиони 827 илјади, потенцира Гајдов за МИА.

Тоа, како што вели Гајдов, во услови на пандемија на Ковид е своевиден рекорд на реализација на една општина. ад/сст/

Остани поврзан