• четврток, 26 декември 2024

Гаши - Франгеш: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро

Гаши -  Франгеш:  Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со посебниот советник за Западен Балкан Анжеј Франгеш, на која, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја.

- Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби за одржување на прашањето за проширувањето високо на агендата на Европската Унија. Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро, затоа што и Балканците се Европејци и тоа е во корист не само на овие земји, туку и на самата Унија. Во таа насока, прашањето за уставните измени како пречка за влез во големото европско семејство треба да се реши што поскоро, а реформскиот процес да продолжи. Помошта и поддршката од посебниот советник Франгеш е добредојдена како одличен познавач на Регионот, се наведува во оопштението.

Франгеш на претседателот на Собранието Гаши му посакал успешна работа во новиот мандат, истакнувајќи дека парламентарната демократија е многу важна.

-Соговорниците оставија отворена врата за соработка, со почести средби и поактивна улога во наредниот период, се вели во соопштението. дма/цр

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан