• среда, 25 декември 2024

Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието

Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од Секторот за односи со јавност на Алтернатива. 

Информацијата за МИА ја потврди и Гаши.

- На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи Уставот на РСМ, член 67, определува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата, велат од Алтернатива.

Пред тоа, стои во соопштението, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива.вј/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан