• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гаши: Ромската заедница дава огромен придонес за културниот и општествениот живот во државата

Гаши: Ромската заедница дава огромен придонес за културниот и општествениот живот во државата

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Овој ден е посветен на одбележување на богатата култура, уникатната традиција и долгата и значајна историја на ромскиот народ ширум светот. Истовремено, овој ден служи и како важен потсетник за сите нас за неопходноста од поголема социјална инклузија, еднакви можности и почитување на човековите права за секој граѓанин, се наведува во денешната писмена честитка на собранискиот претседател Африм Гаши по повод 8 април - Меѓународниот ден на Ромите.

- Ромската заедница со своите култура, јазик, музика и обичаи, дава огромен придонес за културниот и општествениот живот во нашата држава. Таа е важен и нераскинлив дел од нашето заедничко наследство, што го прави нашето општество побогато и поразновидно. Како претставници на граѓаните, имаме обврска и одговорност континуирано да работиме на унапредување на правата и положбата на ромската заедница, обезбедувајќи еднакви можности и услови за достоинствен живот на сите наши сограѓани, додава Гаши.

Тој вели дека заедничкиот стремеж треба да биде општество каде што различностите се почитуваат, каде секој поединец има можност да го достигне својот целосен потенцијал и каде што сите ние живееме во слога, почит и меѓусебно разбирање.

- Нека овој празник нè обедини во идејата за праведно и еднакво општество и нека биде поттик за сите нас да продолжиме да работиме со уште поголема посветеност кон подобра иднина за сите. Среќен Меѓународен ден на Ромите, пишува во честитката на претседателот на Собранието. бд/са/

Фото: „Фејсбук“ - страница на собранискиот претседател Африм Гаши

Остани поврзан