• сабота, 27 јули 2024

Гаши на средба со претставници на Канцеларијата на ДЦАФ во Скопје

Гаши на средба со претставници на Канцеларијата на ДЦАФ во Скопје

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се сретна со Владо Ѓердовски и Кире Бабаноски од Канцеларијата во Скопје на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), како субјект со кој законодавниот дом има стратешко партнерство за проекти за развивање парламентарен и независен надзор и за реформа на безбедносно-разузнавачкиот сектор.  

Како што информира  собраниската прес-служба, соговорниците споделиле задоволство за привршувањето на проектот „заштитена соба“, која се очекува наскоро да биде пуштена во употреба, по заокружување на преостанатите процедури за технички прием и акредитација кои се во тек.

На средбата била посочена потребата од конституирање на Советот за граѓански надзор со цел остварување ефективен парламентарен и граѓански надзор врз безбедносно-разузнавачкиот сектор. Се разговарало  за досега презементите проекти и за степенот за нивна реализација, со акцент на континуираното зајакнување на независноста на Собранието и на неговата надзорна улога во безбедносно-разузнавачката сфера.информираат од службата за односи со јавноста на Собранието.

- Беше истакната дека во изминатите години е засилена финансиската и кадровската независност на Собранието, со посочување дека тој процес треба да продолжи и во наредниот период и во другите сфери од функционирањето на законодавната власт, се вели во соопштението. ад/мд/

Фото: Собрание на Северна Македонија

Остани поврзан