• среда, 18 декември 2024

Гаши - Лирман: Сметајте на нашата поддршка за членство во ЕУ

Гаши - Лирман: Сметајте на нашата поддршка за членство во ЕУ

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши ја почнал својата работна посета на Бeрлин со средбата со Ана Лирман, државна министерка за Европа и клима во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши во Берлин е придружуван од генералната секретарка Марина Димовска, а на средбата присуствувал и нашиот резидентен амбасадор, Н.Е. Илбер Села. Како што се наведува во соопштението, на средбата биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји на како на политичко, така и на економско и пошироко општествено нивo и силната и континуирана германска поддршка на нашите еворинтеграции.

Гаши ја истакнал проактивната улога на Германија со иницирањето на Берлинскиот процес, и во месецот кога се одбележува 10-годишнината од неговото постоење, видливи се придобивките за земјите учеснички и нивните граѓани. Во однос на пристапувањето во Европската Унија, било искажано уверување за заокружување на преостанатите домашни обврски, со цел отворање на првиот кластер со апел за поголема предвидливост и појасна траекторија на движење во текот на преговорите и стриктно почитување на Копенхашките критериуми и барања за членство. 

Лирман јасно ја искажала својата целосна поддршка за земјата и како силен поборник за проширувањето, посочи дека покрај донесувањето на уставните измени, за земјите членки е од особена важност земјата да покаже напредок во клучните области како владеење на правото, реформа на судството и борба против организираниот криминал и корупција за поизвесен тек на процесот на преговори. Ја пофалил земјата како пример за мултиетничноста и пристапот во решавањето на отворените прашања со соседите.

Двајцата соговорници биле согласни дека соработката меѓу двете земји продолжува во областите од взаемен интерес.

-Германија останува да биде водечки партнер и сојузник во остварувањето на нашите стратешки цели и приоритети, а дека процесот на обединување на Европа во време на есктремна глобална поларизација нема друга алтернатива. Тој истовремено претставува геополитичка потреба и предност за Европската Унија, било нагласено на средбата на Гаши со Лирман.фф/цр

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан