• среда, 25 декември 2024

Гаши им порача на студенти од Филозофски да бидат поагилни, погласни, покритични

Гаши им порача на студенти од Филозофски да бидат поагилни, погласни, покритични

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со студенти на Институтот за безбедност од Филозофскиот факултет, информираат попладнево од собраниската прес-служба.

Гаши потенцирал дека успехот во политиката се мери со тоа што е направено за идните генерации.

- Во тој контекст, истакна дека претседателската функција бара државнички пристап, еднаквост за сите. Затоа и неговите заложби како претседател на законодавниот дом, се посветеност во работата во насока на подигнување на Собранието на повисоко ниво, со професионална служба, политички неутрална. Тој е поборник за департизација на институциите, за повисок стандард, владеење на правото, имплементација на Националната стратегија, сѐ во насока на задржување на младите во земјава, затоа што тие се иднината, наведуваат од собраниската прес-служба.

Студентите имале можност да му поставуваат прашања на претседателот на Собранието, а тој ги охрабрил младите да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно, затоа што нивниот глас е искрен.

- Студентите на Институтот за безбедност се токму оние кои се многу битни за иднината на државата, се додава во соопштението. бд/aa/

Фото: Собраниска прес-служба

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан