• среда, 13 ноември 2024

Гаф е единствената тенисерка која сервираше со над 200 км на час на Вимблдон

Гаф е единствената тенисерка која сервираше со над 200 км на час на Вимблдон
Лондон, 6 јули 2021 (МИА) – Седумнаесетгодишната Кори Гаф, која загуби од Анжелик Кербер во осминафиналето на Вимблдон, го направи најбрзиот сервис во конкуренција на тенисерки. Американката е единствениот кој сервираше на Грен слемот во Лондон со над 200 км на час. На вчерашниот меч со Кербер, таа забележа брзина на топчето од 201,1 км/ч. Гаф продолжува да настапува во двојки. Заедно со Кетрин МекНали. Таа со нејзината партнерка, денес ќе се натпреваруваат против двојката Елена Веснина/Вероника Кудерметова. зс/

Остани поврзан