• вторник, 24 декември 2024

Гауф во Синсинати ја освои највредната титула во досегашната нејзина кариера

Гауф во Синсинати ја освои највредната титула во досегашната нејзина кариера

Синсинати, 20 август 2023 (МИА) – Тенисерката од САД, Коко Гауф вечерва ја победи Каролина Мухова со 6:3 и 6:4 во финалето во ВТА-турнирот во Синсинат и. Американката ја освои петтата титула во кариерата и прва ниво на ВТА 1000.

 

Во понеделник Гауф ќе стане шести рекет на светот.

 

Наградниот фонд на женскиот дел од турнирот во Синсинати изнесуваше 2,8 милиони долари.

 

Гауф е првата тенисерка по Вознијацки која освоила пет титули пред нејзиниот 20. Роденден. Таа сега има 19 години и 160 дена и е најмладата шампионка на овој турнир. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан