Гауденци реизбран за претседател на АТП
- Италијанецот Андреа Гауденци повторно е избран за претседател на Здружението на тениски професионалци (АТП), објави синоќа организацијата.
Лондон, 6 февруари 2026 (МИА) – Италијанецот Андреа Гауденци повторно е избран за претседател на Здружението на тениски професионалци (АТП), објави синоќа организацијата.
Поранешниот италијански тенисер ја предводи АТП од 2020 година и оттогаш наградниот фонд на турнирите порасна за речиси 100 милиони долари, на 269,6 милиони долари заклучно со 2025 година.
Наспроти желбите на професионалните тенисери, Гауденци го поддржува проширувањето на календарот со сè повеќе нови турнири, наведувајќи дека тенисерите се независни и можат сами да одлучат кога и на кој турнир ќе играат.
„Меѓу нашите големи достигнувања е тоа што нашиот спорт седи на најцврстата основа во историјата. Гледаме рекорден финансиски раст, што многу зборува за потенцијалот на нашиот спорт. Мора да продолжиме напред“, изјави Гауденци по неговиот реизбор на чело на АТП. ег
ФОТО: ЕПА