• сабота, 23 ноември 2024

Гатузо повеќе не е тренер на Марсеј

Гатузо повеќе не е тренер на Марсеј

Марсеј, 20 февруари 2024 (МИА) – Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј на својата официјална веб-страница го објави отказот на Џенаро Гатузо како главен тренер.

- Марсеј сака да упати посебна благодарност до Џенаро, како и на целиот негов персонал, за нивниот огромен придонес и високото ниво на професионализам што го покажуваа на дневна основа, и им посакува многу среќа во иднина, се вели во соопштението на клубот.

Гатузо беше на чело на Марсеј од септември минатата година. Неговиот тим нема освоено ниту една победа во Лига 1 во 2024 година. Марсеј има три нерешени и два порази. 

Вчера беше објавено дека 70-годишниот Жан-Луј Гасе би можел да го замени Гатузо.

По 22 кола, Марсеј е на деветтото место во табелата во Лига 1 со 30 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан