• недела, 28 јули 2024

Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ во Куманово

Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ во Куманово
Куманово, 26 ноември 2022 (МИА) - Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ се одржа денеска во Куманово во организација на Здружението на пензионери, Здружението на дијабетичари, Здружението „Еко Гард“ и ресторанот „Грација“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Претседателот на Здружение на пензионери, Благе Јакимовски, рече дека е задоволство да се организира ваква манифестација која е добро прифатена кај повозрасната популација. Зоран Бојковски, претседател на Здружение на дијабетичари рече дека ваква манифестација ги обединува различните генерации од градот. Манифестацијата има и хуманитарен карактер, а за идната година се планира да биде со натпреварувачки карактер. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека е добра иницијативата за организирање на ваква манифестација која потекнала од кумановските пензионери. - Манифестацијата ќе биде традиционална, очекувавме интерес, но не во овој значителен број, рече Димитриевски. На манифестацијата присуствуваа пензионери од повеќе градови од земјава.ам/свс/

Остани поврзан