• среда, 25 декември 2024

„Гастромак и пријателите 2024“: Предавања и мастер класови на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

„Гастромак и пријателите 2024“: Предавања и мастер класови на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Скопје, 8 октомври 2024 

Традицијата продолжува, мисијата трае: осмото издание на Гастромак со веќе познатото мото: „Гастромак и пријателите“ започнува со предавања и мастер класови на најпознатите Wacs судии (World Association of Chefs Societies- Светската асоцијација на готвачи).
Етаблирани готвачки имиња од екс -ју простори и пошироко: Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, Вакс судиите и вистинските брендови во својата бранша: Изток Легат од Словенија,
Стево Карапанџа од Хрватска, Драгица Лукин од Хрватска, Жељко Невен Бремец- Претседател на Скмер, Дон Давид од Русија, Вуко Митровиќ од Црна Гора, Хамид Хаџиќ судија од Босна и Амбасадор на Скмер, Асан Даутовиќ, претставник на Гастромак, ќе одржат интересни предавања поврзани за готвачки брендови, најнови трендови во угостителство, висока гастрономија, креирање на сезонско мени, што е бранч и кога се служи, специфики на балканската кујна...
Мастер класовите ќе бидат со Драгица Лукин- пекарство и слаткарство, и со Жељко Бремец, Хамид Хаџиќ и Никола Мишковски а темата е Специјалитетите на куќа со локални продукти (риба, месо и зеленчук).
Инаку целта на Гастромак и пријателите е студентите да се мотивираат, да им се даде ветер во грб со унапредување на нашата гастрономска сцена, и идните кадри од Факултетот за туризам и угостителство- да останат во Македонија.
Предавањата се наменети за студентите на факултетот, но влезот е слободен и за сите што се заинтересирани за настанот.
Овој гастро-едукативен настан со познатите гастро- асови што ќе се случува на 9 и 10 октомври е во организација на Гастромак, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Општината Охрид.

„Гастромак“

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан