• четврток, 26 декември 2024

Гасперини: Каде и да оди Гомез, му посакувам се најдобро

Гасперини: Каде и да оди Гомез, му посакувам се најдобро
Бергамо, 24 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини одговори на прашањето за можен трансфер на напаѓачот на тимот Алехандро Гомез во Севилја. - Сè уште не знам дали тој ќе се пресели во Севилја. Во секој случај, каде и да оди, му посакувам се најдобро, го цитира новинарот Фабрицио Романо, Гасперини на својот Твитер профил. Гомез реши да ја напушти Аталанта по конфликтот со тренерот. Фудбалерот не влезе на натпревар од 16 декември. Последен пат тој се појави како замена на средбата од 12. коло во Серија А со Јувентус (1:1). зс/

Остани поврзан