• среда, 27 ноември 2024

Гаснењето на пожарот на Серта продолжува утре од воздух и од копно

Гаснењето на пожарот на Серта продолжува утре од воздух и од копно

Неготино, 16 јули 2024 (МИА) - Гаснењето на пожарот на планината Серта продолжува утре со сите воздухопловни сили и од копно, е констатирано на вечерашниот состанок на Штабот за заштита и спасување во Неготино.  

- Предвидено е утре вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот, појасни неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Како и во изминатите денови, така и за утре, Кризниот штаб има обезбедено механизација за поефикасно гаснење на пожарот. 

Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот. свд/бак/

Фото : МИА архива 

Остани поврзан