Гасли: Алфа Таури сака да го стигне Ред Бул и да стане врвен тим
- Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли рече дека тимот има за цел да го предизвика Ред Бул и да стане еден од водечките тимови во Формула 1.
![Гасли: Алфа Таури сака да го стигне Ред Бул и да стане врвен тим](https://new.mia.mk/index.php/images/20221104202251_big_730x400_11.webp )
Лондон, 19 септември 2020 (МИА) - Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли рече дека тимот има за цел да го предизвика Ред Бул и да стане еден од водечките тимови во Формула 1.
- Очигледно, Алфа Таури има волја и амбиција. Мислам дека ситуацијата е поинаква од она што се случи во Торо Росо. Ова е импресивен проект. Во моментов е Ред Бул кој е врвен тим, но амбициите на Алфа Таури се да ги стигнат. Ова значи дека ни требаат ресурси, изјави Гасли.