• петок, 27 декември 2024

Гарнет заинтересиран за купување на Минесота

Гарнет заинтересиран за купување на Минесота
Минеаполис, 22 јули 2020 (МИА) - Еден од најдобрите НБА играчи од 2000-тите, Кевин Гарнет, би можел да стане сопственик на Минесота, за која настапуваше од 1995 до 2007 година и од 2015 до 2016 година. Според инсајдерот на „The Athletic“ Шамс Харанија, 44-годишниот Американец ја истражува таквата опција со група инвеститори. Актуелниот сопственик на клубот, Глен Тејлор, е подготвен да го продаде клубот за 1,2 милијарди долари. зс/

Остани поврзан