• недела, 01 септември 2024

Гарнет: Голден стејт не е тим за плејоф

Гарнет: Голден стејт не е тим за плејоф

Вашингтон, 4 декември 2023 (МИА) – Поранешниот НБА играч и сегашен кошаркарски експерт Кевин Гарнет го сподели своето мислење за потенцијалот на Голден Стејт вориорс.

- Ова не е тим за плејоф. Нивното ниво на игра не е на висина за учество во разигрување за титулата. Едноставно, гледам подобри тимови од Вориорс, изјави Гарнет.

Голден Стејт вориорс минатата недела на натпреварите со Сакраменто кингс и Лос Анџелес клиперс имаше предност и од 20 поени, но на крајот доживеа пораз.

Со скор од девет победи и 11 порази Вориорс се наоѓаат на 11.место во Западната конференција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан