• четврток, 26 декември 2024

Гарибашвили: Ќе го укинеме законот за странски агенти во случај на пристапување на Грузија во ЕУ

Гарибашвили: Ќе го укинеме законот за странски агенти во случај на пристапување на Грузија во ЕУ

Тбилиси, 20 април 2024 (МИА) - Лидерот на грузиската владејачка партија „Грузиски сон“, Иракли Гарибашвили денеска изјави дека властите во земјата ќе можат брзо да го укинат законот за „странски агенти“ во случај на пристапување на Грузија во Европската унија.

„Ако ни кажат дека утре ќе станеме членки на Европската унија, ќе биде многу лесно да се укине, ревидира, измени или усвои нов закон“, рече Гарибашвили.

Тој смета дека усвојувањето на законот не може никако да влијае на темпото на пристапување на Грузија во ЕУ, бидејќи Брисел „денес не е подготвен за проширување“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан