• среда, 25 декември 2024

Ганиу: СЕП прераснува во Министерство, за директорските места ќе информираме кога ќе завршиме

Ганиу: СЕП прераснува во Министерство, за директорските места ќе информираме кога ќе завршиме

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир и член во работната група за преговорите за новата влада од коалицијата „Влен“, Висар Ганиу денеска само потврди дека Секретаријатот за европски прашања прераснува во Министерство за европски прашања. Тој нагласи дека преговорите поминале во  одлична работна атмосфера.

-Можам да констатирам и да потврдам дека преговорите поминаа во одлична работна атмосфера. Имавме напорни денови, бидејќи за се што требаше да дискутираме дискутиравме и на маса беа сите аргументи. Завршивме еден циклус што е битен за нас. Во овој момент можам да потврдам дека СЕП прераснува и поминува во Министерство, рече градоначалникот на почнувањето на изградбата на затворен школски базен во Чаир.

Ганиу нагласи дека остануваат на тоа што уште на почеток на преговорите кажале дека тие како преговарачки тим ќе одржат прес-конференција и ќе биде известена јавоста како се распределени директорските места во идната влада. 

На прашањето дали ќе припаѓаат на „Влен“ директорските места во Македонски пошти, МЕПСО, Дирекцијата за странски инвестиции, Фонд за здравствено осигурување и Управата за финансиско разузнавање, Ганиу повтори дека во овој момент не може да сподели оти како што рече, тоа би било некоректно кон неговите колеги.

-Не сакам да излезам од тој рамковен договор што го направивме ние меѓу нас „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум еден од преговарачкиот тим, но би сакал сите информации да ги споделиме сите заедно кога ќе бидеме готови, рече Ганиу.фф/лв/

Фото: Фејсбук на Висар Ганиу

Остани поврзан