• недела, 28 јули 2024

Гани победник на претседателските избори во Авганистан

Гани победник на претседателските избори во Авганистан
Кабул, 18 февруари 2020 (МИА) - Авганистанската Изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци. Независната изборна комисија соопшти дека Абдулах Абдулах го зазеде второто место. Противниците на Гани наведуваат дека гласањето одржано на 28 септември било проследено со масовни измами, технички проблеми со користењето биометриски уреди за гласање, напади и неправилности. паг/

Остани поврзан