• среда, 25 декември 2024

Ганиу: Чаир им претходи на сите општини во решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот

Ганиу: Чаир им претходи на сите општини во решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, денеска се сретна со жители на различни населби од Чаир, на кои, како што соопшти општината, им ги додели долгоочекуваните имотни листови, со што станаа сопствeници на нивните домови, а врз основа на Законот за легализација на дивоградби. По доделувањето на имотните листови, стои во соопштението, Ганиу информираше дека Општина Чаир, до денес примила 12 илјади барања за имотни листови, од кои 9.500 веќе добиле шифра со која Општина Чаир им претходи на сите општини во Република Северна Македонија, во делот на решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот. - Општина Чаир успеа да обработи и имплементира над 80 отсто од овие барања и како таква, се смета за рекордер во оваа област, рече Ганиу. Правото на приватна сопственост и домување, додаде, го сметаме за елементарно право на демократијата и државата, и како такви сме прваци во остварувањето на ова индивидуално и семејно право. - Општината Чаир им обезбеди на 9.500 семејства документи за сопственост преку регулирање на станбениот статус на овие семејства и решавање на овие витални проблеми. Во новиот мандат, процесот на легализација и сопственост на имот ќе биде проблем кој ќе се смета за минато, рече градоначалникот на Чаир и кандидат за оваа задача во следните четири години, Висар Ганиу. Посочи дека сето ова достигнување било овозможено со Законот за легализација, кој создаде можности за огромното мнозинство жители на Чаир да добијат имотни листови за нивните домови, од кои, некои изградени пред повеќе децении. мс/лв/

Остани поврзан