• недела, 24 ноември 2024

Ганиу: Сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да ја врати првобитната состојба од пред пожарот

Ганиу: Сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да ја врати првобитната состојба од пред пожарот
Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу вели дека сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата. Тој потенцира дека општината нема да дозволи тој да изгради ниту еден метар квадратен доколку не се држи до законот. Ако не го почитува, дециден е Ганиу, не е исклучена ниту една мерка, вклучително и уривање. - Објектот пред да го зафати пожар беше легализиран и беше со целосна докуменатација. Во законот стои дека во елементарна непогода, полава или пожар сопственикот може да го врати во првобитна состојба без да побара документација во Општината. Тој тоа го почна, но не го градеше истиот објект. Значи излезе од габаритите, од површина и од висина на објектот. Објектот беше со челична контрукција, а тој почна со друг вид градба односно го градеше со бетонска. Затоа ние почнавме постапки и го срушивме објектот, рече Ганиу. За се што ќе биде различно од објектот кој бил пред пожарот, вели Ганиу, Општината веднаш ќе постапува ќе ја прекине градбата и, како што потенцира, ако треба повторно ќе ги преземе сите мерки. - Бидејќи неколку дена работеше, ние со нашиот инспекторат ги прекинавме работите и додека тој нема да го донесе истиот проект за објектот каков што бил, ние нема да дозволиме да работи ни квадратен метар во тој објект, рече Ганиу, одговарајќи на прес-конференција по донирањето две амбулантни возила од Општината за Здравствен дом – Скопје. сст/сп/

Тагови

Остани поврзан