• среда, 18 декември 2024

Галант: По примирјето интензивните борби ќе продолжат најмалку два месеца

Галант: По примирјето интензивните борби ќе продолжат најмалку два месеца

Тел Авив, 23 ноември 2023 (МИА)  -  Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека откако ќе заврши привременото примирје со палестинската милитантна група Хамас, армијата ќе продолжи со интензивните борби најмалку уште два месеца.

„Она што ќе го видите во наредните денови е првото ослободување на заложниците. Овој одмор ќе биде краток“, рече Галант.

Обраќајќи им се на војници од поморската единица командоси, Галант им наредил да се подготват за продолжување на борбата за време на паузата.

„Она што се бара од вас за време на паузата е да се организирате, да се подготвите, да истражувате, да испорачате оружје и да се подготвите да продолжите. Ќе има продолжение, бидејќи треба да ја финализираме победата и да дадеме поттик за следните групи заложници, кои ќе се вратат само под притисок“, рече израелскиот министер.

Шефот на палестинската комисија за прашања на затворениците, Кадура Фарес денеска изјави дека се уште не добил список со имињата на Палестинците кои се очекува утре да бидат ослободени врз основа на договорот меѓу Израел и Хамас.

Фарес, кој има водечка улога во планираното ослободување на затворениците, за Си-Ен-Ен изјави дека очекува утре да бидат ослободени околу 30 до 35 лица, од првата група. зш/
фото ИДФ

Остани поврзан