• среда, 25 декември 2024

Галант: Макрон е срам за француската нација

Галант: Макрон е срам за француската нација

Тел Авив, 17 октомври 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана, Јоав галант, го нападна францускиот претседател Емануел Макрон откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на францускиот саем за оружје „Евронавал“.

Галант притоа го нарече Макрон „срам на француската нација“.

-Одлуката за дискриминација на израелската одбранбена индустрија во Франција по вторпат им помага на непријателите на Израел, рече Галант.

Тој ја обвини Франција дека „постојано води непријателска политика кон еврејскиот народ“.

Политико пренесува дека ова е вторпат во последните неколку месеци израелските одбранбени компании да бидат исклучени од учество на воен саем во Франција..

-Ќе продолжиме да ја браниме нашата нација од непријателите на седум различни фронтови и да се бориме за нашата иднина - со или без Франција, најави Галан.

Острите забелешки се последната ескалација во војната со зборови меѓу Макрон и израелската Влада додека Израел ги засилува воените напади во Либан и Газа.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, исто така, му возврати на Макрон откако францускиот лидер рече дека Нетанјаху „не смее да заборави дека неговата земја е создадена со одлука на ОН“.

-Потсетување до претседателот на Франција: не беше резолуцијата на ОН тоа што ја основа државата Израел, туку победата постигната во војната за независност со крвта на херојските борци, од кои многумина го преживеаја Холокаустот, предупреди Нетанјаху.

Макрон постојано повикуваше на прекин на огнот во Газа и побара на почетокот на овој месец земјите да престанат да го снабдуваат Израел со оружје насочено кон опколената енклава.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан