• четврток, 26 декември 2024

Галант: Израел не сака војна, но ќе бидеме подготвени на сите можности

Галант: Израел не сака војна, но ќе бидеме подготвени на сите можности

Тел Авив, 31 јули 2024 (МИА)  - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Тел Авив не сака војна, но ќе биде подготвен на сите можности.

Оваа порака тој ја испрати при денешната посета на војниците кои вежбаат лансирање од ракетниот систем со долг дострел „Ароув“ (Arrow), пишува „Тајмс оф Израел“.

Посетата доаѓа по вчерашниот воздушен напад на ИДФ во јужно предградие на Бејрут, во кој беше убиен највисокиот воен командант на Хезболах, Мухсин Шукр, и убиството на водачот на политбирото на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во текот на изминатата ноќ. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан