• петок, 27 декември 2024

Галант: Израел е подготвен за „секаква акција што може да биде неопходна во Газа, Либан и дополнителни подрачја“

Галант: Израел е подготвен за „секаква акција што може да биде неопходна во Газа, Либан и дополнителни подрачја“

Тел Авив, 23 јуни 2024 (МИА) - Израел е подготвен за „секаква акција што може да биде неопходна во Газа, Либан и дополнителни подрачја“, рече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во пресрет на посетата на САД.

„САД се нашиот најважен и централен сојузник. Нашите врски се клучни и можеби поважни сега од кога било“, рече Галант во услови на тензии со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Галант патува во САД на покана на неговиот американски колега Лојд Остин. Тој за ситуацијата во Газа и тензиите на северната граница на Израел со Либан во Вашингтон ќе разговара и со американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен . рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан