• среда, 25 декември 2024

Галант го одложи патувањето во САД

Галант го одложи патувањето во САД

Вашингтон, 9 октомври 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ја одложи планираната посета на САД, соопшти заменик-секретарот за печат на Пентагон, Сабрина Синг.

Галант денеска требаше да се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, рече Синг.

- Посетата е одложена и ние ќе работиме со канцеларијата на министерот Галант за неговото патување биде презакажано за некој подоцнежен датум, сигурна сум дека секретарот со задоволство повторно ќе му биде домаќин во Пентагон, додаде таа.

Синг одби да ги коментира извештаите на американските медиуми дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го одобрил патувањето на Галант.

- Свесна сум за тие извештаи и мислам дека ќе останам надвор од израелската политика, рече таа и нагласи дека двајцата министри имаат добри односи и зборувале по телефон многу пати.

- Тие можат телефонски да разговараат во секое време, во секој час од ноќта и да зборуваат многу искрено еден со друг. Без разлика дали тоа е состанок што е направен лично или состанок што е направен преку телефон, тоа е разговор. И без разлика што, тоа е нешто што мислам дека двете страни можат да го ценат, изјави Синг. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан