• сабота, 11 април 2026

ГАК: Нса 28 март имаше кус прекин на напојувањето со електрична енергија, ноп веднаш е постапено по сите протоколи

ГАК: Нса 28 март имаше кус прекин на напојувањето со електрична енергија, ноп веднаш е постапено по сите протоколи

Скопје, 4 април 2026

ЈЗУ Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја информира јавноста дека на 28.03.2026 имаше кус прекин со напојувањето на електричната енергија во една од просторииите на Одделението за интензивна нега и терапија, но веднаш е постапено по сите протоколи. Вакви случаи со техниката можат да се случат секаде во светот и тоа е нешто што не можете да го конторлирате. Затоа клиниката е подготвена согласно протоколите веднаш да реагира при што ниту еден живот на ниту едно новороденче не беше загрозен.

Клиниката располага со современ систем на напојување на електрична енергија во случаи на рестрикција на струја.

Бебињата си ја добиваа потребната терапија и потребната количина на кислород без застој.

Ја информираме јавноста, дека медицинскиот персонал кој работи на Одделението за интензивна нега и терапија на ГАК на секои две години во склоп на Обуката за реанимација им се врши обука и за справување со несакани случувања како што е закажување на техниката од било која причина.

Токму затоа упатуваме смирувачка порака до сите родители и идни родители дека простор за загриженост нема во ниту еден миг за здравјето на нивните деца или другите пациенти кои се хоспитализирани на клиниката.

На интензивната нега во моментов престојуваат 48 новородени за кои се грижи максимално професионален и посветен персонал, додека пак во засегнатата просторија во моментот имало 6 новороденчиња.

Персоналот е 24 часа присутен помеѓу овие дечиња и простор за вознемиреност нема.

ЈЗУ Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство

Фото: МИА архива

Остани поврзан