• вторник, 19 ноември 2024

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ одржа велигденски концерт

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ одржа велигденски концерт

Гостивар, 13 април 2023 (МИА) -Членовите на градското аматерско културно -уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ го одржаа традиционалниот велигденски концерт. На сцената во големата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ беше изведена програма со повеќе традиционални македонски фолклорни сплетови на ора и песни.

Членовите на фолклорната секција и играорците настапија со повеќе кореографии и сплетови, како „Водарки“ и „Тресеница“. Публиката со долготраен аплауз ги награди најмладите членови на друштвото кои изиграа „пајдушко“ оро.

Покрај членовите на играорните групи и оркестарот, како солисти пејачи настапија: Мирослав Крстески, Јовица Николоски и Ѓурѓица Николоска.

Од најстарото културно-уметничко друштво во Гостивар, до љубителите на народниот фолклор и традиција го честитаат христијански празник Велигден. згм/мд/

фото: МИА

 

Остани поврзан