• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гакпо: Сезоната не заврши со победата над Сити

Гакпо: Сезоната не заврши со победата над Сити

Ливерпул, 25 февруари 2025 (МИА) - Фудбалерите на Ливерпул се подготвени да направат се еден за друг и тоа нема да се промени на преостанатите 11 натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата, изјави холандскиот напаѓач Коди Гакпо.

Тој и неговите соиграчи го победија Манчестер Сити со 2-0 на гости во неделата, а во среда им претстои уште еден тест против Њукасл на „Енфилд“.

Гакпо, кој влезе во игра во 79. минута, досега во сите натпреварувања има 16 гола и 5 асистенции. Тој се врати во игра против Сити откако лечеше повреда во последните две недели.

-Можеби сакавме да имаме малку повеќе посед против Сити, но така и се случи. Овој пат од нас се бараше да победиме со помал посед и успеавме да го направиме тоа. Нашата приспособливост е нешто што не турка напред цела сезона. Повторно се снајдовме, постигнавме два одлични гола и одигравме силен натпревар. Тоа е најважното нешто. Бевме среќни, но менаџерот (Арне Слот) и капитенот (Вирџил ван Дајк) се обидоа да не задржат приземјени и фокусирани бидејќи сезоната не завршува со овој натпревар. Има уште 11 и мораме да продолжиме да играме напорно. Дури тогаш ќе знаеме како ќе заврши сето ова, изјави Холанѓанецот.

Ливерпул води во поредокот во Премиер лигата со 11 бодови и има седум натпревари за играње на „Енфилд“, каде што загуби само еднаш. дс

Фото: Архива

Остани поврзан