• недела, 24 ноември 2024

„Газпром“ потврди дека ја прекина испораката на гас за холандската компанија ГасТерра

„Газпром“ потврди дека ја прекина испораката на гас за холандската компанија ГасТерра
Москва, 31 мај 2022 (МИА) - Рускиот државен енергетска компанија „Газпром“ потврди дека целосно ја прекина испораката на гас за холандската компанија „ГасТерра“, поради неплаќање во рубљи. „Газпром“ наведе дека до крајот на вчерашнито работен ден не била примена уплата. „ГасТерра“ вчера соопшти дека очекуваат да биде прекината испораката на гас, откако компанијата одби да плаќа во рубљи. Холандската компанија наведе и дека купува гас од други извори, со цел да се надмине загубата. бд/ми/

Остани поврзан