• петок, 27 декември 2024

„Газпром“ потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина

„Газпром“ потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина
Киев, 11 мај 2022 (МИА) - Рускиот енергетски гигант „Газпром“ потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина кон Европа, откако Киев соопшти за намалување на количината поради војната. - „Газпром“ ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина на 11 мај, изјави денеска, портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов. Тоа ниво е намалување на обемот на нарачката од 95,8 милиони кубни метри, претходниот ден. бд/ссм/

Остани поврзан