• среда, 25 декември 2024

Тедрос: Болницата Ал Амал во Газа беше нападната 40 пати во еден месец

Тедрос: Болницата Ал Амал во Газа беше нападната 40 пати во еден месец

Газа, 27 февруари 2024 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека болницата Ал Амал во Газа била нападната 40 пати во еден месец.

„Од 22 јануари до 22 февруари болницата беше нападната 40 пати. Најмалку 25 лица загинаа“, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека во болницата се уште има 31 пациент.

Тедрос рече дека претставници на СЗО, Обединетите нации и палестинската Црвена полумесечина пристигнале во опколената болница Ал Амал за време на викендот и дека се префрлени 24 пациенти, меѓу кои бремена жена и мајка и новороденче.

„Палестинските болничари од Црвената полумесечина беа малтретирани и понижувани додека ја напуштаа болницата Ал Амал. Тројца болничари беа приведени. Еден беше ослободен. Апелираме итно да се ослободат другите двајца и сите други приведени здравствени работници“, рече Тедрос.

Тој посочи дека ваквите ситуации се повторуваат и дополнително ја одложуваат и отежнуваат доставата на помош.

„Апелираме до Израел да обезбеди постојан, безбеден и достоинствен премин за хуманитарните мисии. Апелираме на прекин на огнот“, порача генералниот директор на СЗО. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан