• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нов биланс на загинати во Појасот Газа: Најмалку 970 за 48 часа

Нов биланс на загинати во Појасот Газа: Најмалку 970 за 48 часа

Газа, 19 март 2025 (МИА) - Министерството за здравство на Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, денеска соопшти дека во израелските напади во изминатите 48 часа загинале 970 луѓе.

Бројот на загинати од почетокот на војната во Појасот Газа, за кој министерството објави во понеделникот, изнесува 48.577, а во новиот извештај има 49.547 жртви.

Израел продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа во понеделникот вечерта, прекршувајќи го прекинот на огнот што започна на 19 јануари. паг/

Фото: МИА архива



 

 

Остани поврзан